Богданка Кузеска, СДСМ

СДСМ: Христовски нема сертификат од НАТО, тоа е уште една лага на власта

„Скандалот со киднапирањето на Агенцијата за национална безбедност и партиското назначување директор нема крај. Последната манипулација којашто власта ја сервира е дека Христовски наводно поседувал сертификат од НАТО. Ова е намерна манипулација за да се одбегнат одговорите на суштинските прашања а тоа е дали Христовски воопшто ги исполнува условите да биде на оваа висока позиција“, рече денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„СДСМ ќе ја разобличи оваа манипулација и ќе инститира на правна разрешница на овој случај. Прво, проверките за издавање на безбедносни сертификати ги вршат исклучиво домашните безбедносни институции, а тоа се АНБ и МВР. Постапката е јасно дефинирана: институцијата каде што работи лицето доставува барање до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, по што се спроведуваат потребните проверки. А, тие проверки за цивилни лица ги спроведуваат АНБ и МВР, а не НАТО. Значи, во случајот со Бојан Христовски, токму АНБ, каде што тој е именуван за директор, поднела барање и токму АНБ спровела безбедноста проверка на својот директор“, рече Кузеска.

„Прашањето е зошто по секоја цена, по сите можни скандали, власта го турка Христовски и ревносно го штити. Христовски беше именуван за директор на АНБ без соодветен безбедносен сертификат од ниво „државна тајна“. Согласно член 10 став 1 од Законот за АНБ безбедносниот сертификат е услов за да биде именуван за директор. Се уште е отворено прашањето и за сертификатот за англиски јазик од Пловдив Бугарија, од непосточека агенција. Отворено е и прашањето за валидноста на дипломата на Христовски. Одлуката на ДКСК е целосно компромитирана и затоа Јавното обвинителство не смее уште да молчи. ДПМНЕ создава паравласт, ги крши законите за да ги партизира безбедносните институции. СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна транспарентност и правна разрешница за овој случај“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот