СДСМ бара да се поништи огласот за вработувања во М-НАВ

Скандалот во М-НАВ, клучната институција задолжена за безбедноста во воздухопловниот сообраќај, станува уште една партиска испостава на власта, обвинува СДСМ. Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ ветувала мерит систем, а спроведува бруталната и скандалозна партизација на институциите.

„Без било какви квалификации, мажот на директорка на Централен регистар, сопругата на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се вдомени во М-НАВ наместо стручни, едуцирани и лиценцирани кадри.  Додека млади луѓе со образование, знаење и стручност се одбиваат, партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ станува единствен критериум. ВМРО-ДПМНЕ не само што ја загрозува безбедноста, туку испраќа силна порака до младите дека со оваа власт немаат иднина.  Ова не е само скандал за партизација – ова е закана по безбедноста на патниците и воздушниот сообраќај. Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо. М-НАВ не е играчка во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, туку сервис што мора да функционира строго професионално и во служба на граѓаните“, се вели во партиското соопштение.

СДСМ бара итно поништување на овој срамен оглас, повлекување на сите спорни решенија и оставки од сите инволвирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот