Фото: МИА

Саздо бил удиран по главата и градите

Иако сè траело кратко, интензитетот бил силен во трпењето на физичка болка, бидејќи сите наведени повреди се извор на физичка болка која е непријатна телесна и душевна сензација, која во случајот настанала поради директна трауматизација на меки ткивни тела. Како што е наведено, болки кај повредениот имало во пределот на лицето, градниот кош и интензивни главоболки. Ова стручно мислење на судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски, пред судскиот совет го изјави доктор специјалист кој учествувал во изведување на стручното, медицинско вештачење.

Во однос на стравот, според вештото лице, жртвата била ненадејно нападната.

– По губитокот на свеста немал можност да чувствува страв и немаме податок дека по ударите бил свесен и можел да чувствува страв, поради што туку станува збор за постоење на интензивен страв за својот живот во времетраење од една до три минути. Доколку свирепост подразбира правење дејствија со кои кај некого нанесуваме физичка и душевна повреда и притоа да не се грижиме за видот и болката со нашето дејство, иако нашето ментално ниво дозволува да бидеме свесни за последиците на нашите дејствија. Мислам дека е прашање на судот да цени дали е свирепост или не – рече вештото лице.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј.Љ. на 29 јуни лани крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид” на булеварот „Александар Македонски” во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”.

Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје” во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!