Фото: РФМ

Савевски објави список од 35 ракометарки за баражот против Украина

Сениорската женска репрезентација на Македонија во рамки на женска ЕХФ недела која започнува од 03.04 ќе оддигра натпревари против репрезентацијата на Украина во баражот за Мундијалот 2023.

Мундијалот ќе се оддржи во Данска, Норвешка и Шведска во период од 29. ноември до 17. декември 2023 година.

На турнирот покрај домаќините, учество на првенството обезбедија од Европа репрезентациите на Франција, Црна Гора и Холандија, од Африка репрезентациите на Ангола, Камерун, Конго и Сенегал, од Јужна Амерка репрезентациите на Аргентина, Бразил, Чиле и Парагвај, и од Азија репрезентациите на Кина, Иран, Јапонија, Казахстан и Јужна Кореја.

Селекторот Љубомир Савевски денес објави поширок список од 35 ракометарки на кој нема поголеми изненадувања. Ќе потсетиме, стандардната Симона Маџовска е отсутна поради повреда.

Фото: РФМ

Сениорките натпреварите ќе ги играат на 08. април во Скопје, во СЦ “Борис Трајковски”, а три дена подоцна ќе го оддиграат реванш натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот