Хакиран сателитскиот канал на иранската државна телевизија/Фото: Икс

Сателитските снимки покажуваат обновување на нуклеарните постројки на Иран

Најновите сателитски снимки од „Максар Технолоџис“ покажуваат интензивни градежни работи во иранскиот нуклеарен погон Фордо, една од целите на неодамнешните воздушни напади на САД.

На снимката од 29 јуни, багер и кран можат да се видат на врвот од новиот пристапен пат во близина на местото погодено од таканаречените бункерски бомби.

Исто така, според Би-би-си, биле забележани булдожер и камион, додека дополнителни машини биле распоредени на влезот во комплексот и на објекти погодени од израелските напади еден ден по американските напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот