
Сашка Цветковска од ИРЛ: Имаме притисоци, екологијата е под удар на бизнис интересите на мали групи моќници!
Се соочуваме со притисоци и ние и нашите извори за време на работењето на приказната за мазутот, изјави за „Слободен печат“ новинарката Сашка Цветковска од тимот на ИРЛ, чиешто видео за нелегалната набавка и продавање на отпадно масло како лажен мазут ја разбранува домашната јавност и поттикна официјална државна истрага за прометот на нафтата и нафтените деривати во земјава.
Препорачано
На Цветковска веќе ѝ се закани со тужба поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, кој во емисијата под наслов „Редакција – Заговор против воздухот, Епизода“, беше посочен како еден од директно инволвираните личности во набавката на лажниот мазут, кој потоа бил користен како енергенс во болници, државни установи, министерства, но и во големи индустриски капацитети како ФЕНИ, Брако и сл.
– Морам да истакнам дека позагрижени бевме за луѓето во институциите кои се одважија да помогнат да се расветли случајот отколку за нашиот тим“, вели Цветковска.
Таа смета дека, кога станува збор за животна средина владеат крупни финансиски интереси на мали групи луѓе кои се добро поврзани со политиката, институциите и медиумите.
– Енергетскиот пазар е се уште голем предизвик и како корупциски проблем и како проблем на правото за здрав живот, вели новинарката на ИРЛ, Сашка Цветковска.