фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Само небото е граница за Дуплантис: По 12. пат сруши светски рекорд!

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис повторно го помести границите во атлетиката. На митингот од Дијамантската лига во Стокхолм, пред домашната публика, Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап со неверојатни 6 метри и 28 сантиметри.

Ова е веќе 12-ти пат како талентираниот Дуплантис го подобрува светскиот рекорд, со што ја потврдува својата доминација во дисциплината. Претходниот рекорд, поставен пред само неколку месеци во Клермон, Франција, изнесуваше 6,27 метри.

Дуплантис, инаку двократен олимписки шампион, уште еднаш докажа дека во моментов нема вистинска конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот