Саливан: Официјална Москва ќе има последици доколку Навални почине во затвор

Администрацијата на Џо Бајден разгледува опции Москва да претрпи „последици“ доколку опозицискиот лидер Алексеј Навални умре во затвор, изјави синоќа Џејк Саливан, советник за национална безбедност на претседаетелот.

– Комунициравме со руската Влада дека тоа што му се случува на Навални додека е во државен затвор е нивна одговорнот и тие ќе бидат повикани на отчет од меѓународната заедница, изјави Саливан за телевизијата Си-Ен-Ен.

Што се однесува до конкретните мерки. преземени од наша страна, додаде тој, „разледуваме различни варијанти и нема сега да ги кажам јавно, но ние укажавме дека ќе има последици доколку Навални почине”.

Претходно, Бајден ја окарактеризира како неприфатлива и „неправедна” ситуацијата кога здравјето на Навални во затвор драматично се влоши. Од пред крајот на март опозиционерот штрајкува со глад бидејќи по појавените болки во нозете и грбот, побара да биде лекуван од неговите лични лекари, а не од лекарски персонал од затворот, на кого тој не му верува.

Лекарите на Навални вчера од местото каде што е затворен на околу 100 километри од Москва, соопштија дека затворската служба не дозволува посета на нивниот пациент. Тие изјавија дека со оглед на последната анализа на крвта на Навални, ситуацијата е критична и дека тој може да почине во некој од наредните денови.

Навални веројатно ќе умре во наредните неколку дена, велат руски лекари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!