Сајкоски: Тоа што се прави сега со Бугарија е погрешно, за историјата има факти кои си постојат во архивите

Многу пријатели мои Бугари не се согласуваат со политиките на Каракачанов. Основа на постоење е јазикот, културата, обичаите. Ние како народ сме докажале дека немаме многу допирни точки и дека сме посебен народ, народ кој има свои малцинства кај соседите кои се декларираат како Македонци, рече Ѓорѓија Сајкоски, новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Тој укажа дека од 1946 до 1951 Македонците во Бугарија имаат можност за афирмација на својот идентитет.

– Од денешен аспект политичарите секако зборуваат за историјата. Тоа што го правиме сега е погрешно. Фактите ги утврдила, не само нашата, туку и светската историја, и фактите се наоѓаат во архивите не само наши, туку и во други земји – рече Сајкоски.

Според Сајкоски, Комисијата која работи на оваа проблематика, може да разговараат за се, но јасно кажав светската историја јасно ги ставила границите кој каде е, и што е.

– Нас нема за што да не убедуваат, ние си знаеме кои сме и што сме и што велат документите – рече Сајкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останува на своите ставови дека Гоце Делечев е Македонец и оти секој штетен договор се поништува и менува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот