
САД воведоа санкции против 11 кинески компании
Во рамки на обвиненијата за кршење на правата на муслиманите во Синкјанг, американската администрација санкционира и четворица високи кинески претставници.
Белата куќа воведе санкции против 11 кинески компании, кои се обвинети за кршење на човековите права врз муслиманите во провинцијата Синкјанг, во северозападниот дел на Кина.
Препорачано
Со таа одлука САД врши дополнителен притисок врз Пекинг и владејачката Комунистичка партија поради наводното масовно затворање, принудна работа и други кршења на човековите права врз Ујгурите, припадници на муслиманско малцинство во провинцијата Синкјанг, доведувајќи ги односите меѓу двете земји на најниско ниво во последните децении.
Во рамки на обвиненијата за кршење на правата на муслиманите во Синкјанг, американската администрација санкционира и четворица високи кинески претставници, а Пекинг најави соодветен одговор, без точно да презицира какви чекори планира да преземе.
– Со оваа одлука Кина нема да може да ги користи нашите производи и технологија при нападите врз муслиманското малцинство, кое не е во состојба да се одбрани – изјави американскиот министер за трговија, Вилбур Рос.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
9мин
-
11мин
-
11мин
-
12мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5