
САД трупаат значителни поморски сили на југот на Карибите- Венецуела се подготвува за одбрана од инвазија?
Значителното трупање на американските поморски сили во јужниот дел на Карибите покрена многу прашања, како во Каракас, така и меѓу експертите во Соединетите Американски Држави.
Препорачано
Додека администрацијата на Доналд Трамп тврди дека целта на операцијата е борбата против нарко-картелите, многумина се прашуваат дали постои друг мотив зад воената демонстрација на сила, пишува Ројтерс.
Дури седум американски воени бродови веќе се во регионот или се очекува наскоро да пристигнат, придружени од брза нуклеарна подморница, при што се распоредуваат повеќе од 4.500 морнари и маринци во областа.
Белата куќа тврди дека станува збор за борба против нарко картелите
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја истакна борбата против нарко-картелите како една од клучните цели на неговата администрација, а официјални лица потврдија за Ројтерс дека воените активности се насочени токму кон сузбивање на заканите од овие криминални организации.
Стивен Милер, заменик-шеф на кабинетот на Белата куќа, минатиот петок изјави дека целта на военото засилување е „борба и разбивање на организациите за трговија со дрога, криминалните картели и странските терористички организации на американскиот континент.
📍Caribbean Sea@Reuters confirms the deployment of @USNavy (🇺🇸) Ticonderoga-class cruiser USS Lake Erie (CG-70) & Los Angeles class attack submarine USS Newport News (SSN-750) to the coast of #Venezuela (🇻🇪)
Newport News is a Flight II LA equipped with Tomahawk VLS. https://t.co/e1Ud0dOEzx pic.twitter.com/wParRLqLvw
— SA Defensa (@SA_Defensa) August 26, 2025
Останува нејасно како зголеменото воено присуство треба да ја наруши и запре трговијата со дрога.
Поголемиот дел од поморскиот сообраќај со дрога кон Соединетите Американски Држави се одвива преку Пацификот , а не преку Атлантикот, каде што се распоредуваат овие поморски сили.
Покрај тоа, значителен дел од дрогата што пристигнува преку Карибите се транспортира со тајни летови.
Како резултат на тоа, венецуелските власти веруваат дека вистинската цел е уривање на нивната влада преку воена интевренција.
Ваквите сомневања се дополнително поттикнати од фактот дека САД ја удвоија наградата за информации што доведоа до апсење на претседателот Николас Мадуро на почетокот на август, нудејќи 50 милиони долари за обвиненија за трговија со дрога.

Обвинувањата „паѓаат“ од другата страна
Властите во Каракас , ги обвинија САД дека ја загрозуваат нивната земја со овие поморски маневри и дека ги кршат меѓународните договори, отфрлајќи ги тврдењата дека Венецуела е клучна алка во меѓународната трговија со дрога.
„Венецуелскиот народ знае кој стои зад овие воени закани од страна на САД против нашата земја“, изјави во петокот министерот за одбрана, генерал Владимир Падрино, без да даде дополнителни детали. „Ние не сме дилери на дрога, ние сме благородни и вредни луѓе“.

„ Дипломатија со топови“
Иако бродовите на американската крајбрежна стража и морнарицата редовно патролираат по јужните Кариби, сегашното зголемување е далеку над нормалното.
Поморските сили вклучуваат моќни воени бродови како што се USS San Antonio, USS Iwo Jima и USS Fort Lauderdale, од кои некои се опремени со хеликоптери и крстосувачки ракети Tomahawk.
Покрај тоа, американските претставници потврдија дека шпионските авиони P-8 се активни во регионот, собирајќи разузнавачки информации со летање над меѓународни води.
Експертите сметаат дека овие воени потези се обид за притисок врз владата на Мадуро.
„Мислам дека се обидуваат да извршат максимален, вистински воен притисок врз режимот за да видат дали можат да го скршат“. „Тоа е дипломатија со воени чамци. Старомодна тактика“, изјави .Дејвид Смилд, експерт за Венецуела на Универзитетот Тулан,

Подготовка за воена интервенција?
Владата во Каракас тврди дека целта на засилувањето на американската војска е да се оправда „интервенцијата против легитимниот претседател“. На прашањето дали Белата куќа ја исклучува можноста за промена на режимот, висок функционер на администрацијата рече:
„Тие се таму токму сега за да се осигурат дека нема трговија со дрога“.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, беше уште поостра.
„Режимот на Мадуро не е легитимна влада на Венецуела. Тоа е нарко-терористички картел. Мадуро не е легитимен претседател. Тој е бегалец, водачот на овој нарко-картел“, изјави Ливит.
И покрај острата реторика, американските претставници забележуваат дека распоредените сили, иако значителни, се сепак премногу мали за да спроведат долгорочна операција од типот за кој предупредува Каракас. На пример, за инвазијата на Панама и соборувањето на диктаторот Мануел Нориега во 1989 година, САД распоредија речиси 28.000 војници.
Кристофер Хернандез-Рој од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон верува дека силите би можеле да се користат за некаков вид напад, но дека тоа би можело да биде и само демонстрација на мускули.
„Преголемо е за да биде само дрога. Премногу мало е за инвазија. заклучи Хернандез-Рој.

Активирани 4,5 милиони припадници на Венецуелската милиција
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро започна подготовки за одбрана од потенцијална американска инвазија.
Тој , на 19 август, повика на целосна мобилизација на членовите на милицијата.
– Оваа недела ќе активирам посебен план со повеќе од 4,5 милиони членови на милицијата за да се обезбеди покривање на целата национална територија, милиции кои се подготвени, активирани и вооружени – рече Мадуро во вчерашното телевизиско обраќање .

Венецуелската милиција е основана од поранешниот претседател Уго Чавез и официјално се наведува дека има околу пет милиони членови, иако аналитичарите веруваат дека вистинскиот број е помал.
Вкупното население во Венецуела изнееува околу 30 милиони.

Гвајана и Путин
Случајно или не, кулминацијата на конфликтот меѓу Трамп и Мадуро се случува во време кога соседната Гвајана, богата со нафта, ја чекаат претседателски избори на кои би можел да победи „играчот на Путин“, пишуваат западните медиуми.
Според предизборните анкети, таа е предводена од актуелниот претседател Ирфан Али, кој им нуди на своите сонародници посилен приватен сектор и е познат како промотор на соработката со Кина и Русија, особено во контекст на експлоатацијата на природните ресурси и олеснувањето на влезот на концесионерите на пазарот во Гвајана.
Главните извори на откритија на нафта во Гвајана се наоѓаат во крајбрежјето на брегот покрај Атлантикот. Овие наоѓалишта се длабоки помеѓу 1.500 и 3.500 метри и се сметаат за едни од најбогатите и најпродуктивните нови нафтени полиња во светот.

Венецуела планирала инвазија врз Гвајана
Кон крајот на 2023 година и почетокот на 2024 година, Мадуро презеде сериозни политички и воени чекори што ги зголемија тензиите околу спорниот регион Есекибо, голема територија во западна Гвајана што сочинува околу 2/3 од земјата.
Есекибо е територија од околу 160.000 км2 богата со природни ресурси. Венецуела тврди дека територијата ѝ припаѓа уште од колонијалната ера, но таа беше изгубена во 1899 година со арбитражна пресуда со која областа ѝ беше доделена на Гвајана (тогаш британска колонија).
Венецуела долго време ја оспоруваше одлуката, тврдејќи дека била неправедна и наместена од колонијалните сили.

Нафта
Откако ЕксонМобил откри големи наоѓалишта на нафта во водите покрај брегот на Есекибо во 2015 година, интересот на Венецуела се засили. Мадуро сака контрола врз тие ресурси, што би можело да ја спаси економијата на Венецуела, која е во катастрофална состојба.