Затвор во Северна Каролина, САД каде се извршува Смртна казна/Фото: Sean Rayford / Getty images / Profimedia

САД: Судија ја закажа егзекуцијата на осуденик на смртна казна болен од деменција

Затвореник осуден на смрт во Соединетите Американски Држави, кој боледува од деменција и поминал 37 години во затвор, ќе биде погубен со стрелачки одред на 5 септември.

Судија од Јута го одреди датумот за егзекуција на 67-годишниот Ралф Лерој Мензис, и покрај жалбите од неговите адвокати поради неговото влошување на здравјето.

Пред неколку децении, самиот Мензис го избрал стрелачкиот вод како метод за извршување на смртната казна, што го прави само шестиот американски затвореник осуден на смрт од 1977 година, кој е погубен на овој начин.

Мензис, 67, беше осуден на смрт за киднапирањето и убиството на Морен Хансакер, мајка на три деца од Јута, во 1986 година.

Судијата Метју Бејтс го одобри погубувањето и го одреди датумот за 5 септември, пресудувајќи дека Мензис „доследно и рационално“ разбира зошто се соочува со погубување, и покрај неговото неодамнешно когнитивно оштетување.

Адвокатите на Мензис велат дека неговата деменција се влошила толку многу што тој користи инвалидска количка, е зависен од кислород и не може да го разбере својот правен случај.

Иако неговите адвокати поднесоа барање за повторно разгледување, судијата рече дека претстојната жалба не е основа да го спречи да го одреди датумот на извршување.

Сепак, Бејтс закажа рочиште за 23 јули за да ја оцени новата жалба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот