САД распоредија воени бродови по инцидентот во Јужното Кинеско Море

САД  ги распоредија разорnувачот УСС Хигинс и борбениот брод УСС Синсинати на околу 30 наутички милји од Скарборо Шол во Јужното Кинеско Море, два дена откако кинески воен брод се судри со крајбрежната стража додека се обидуваше да блокира филипински патролен брод.

Инцидентот беше снимен на видео, што предизвика реакции од западните и азиските земји, објави Ројтерс.

Јапонија, Австралија и Нов Зеланд изразија загриженост поради „опасните и непрофесионални маневри“ од страна на кинеските бродови и повикаа на деескалација и почитување на меѓународното право.

Филипинскиот комодор Џеј Тариела рече дека немало инциденти за време на распоредувањето на САД и ги повтори обвинувањата дека Кина со години спроведува „ризични маневри и блокади во спорни води“.

Тој исто така рече дека за време на извидничкиот лет, кинескиот борбен авион извршил опасни маневри во близина на филипинскиот авион, при што во еден момент прелетал на висина од околу 61 метар. Скарборо, на северозападниот дел од Филипините, е предмет на територијален спор меѓу Кина и Филипините, а права врз спорните води бараат и Виетнам, Малезија, Брунеи и кинескиот регион Тајван.

Вашингтон постојано повторува дека ќе ги брани Филипините во случај на вооружен напад, вклучително и инциденти во Јужното Кинеско Море, истакнува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!