
САД покрена постапка против Хафтар за воени злосторства
Американскиот адвокат Кевин Карол изјави дека е покрената судска постапка против либискиот воен лидер Калифа Хафтар поради извршени воени злосторства.
Препорачано
– Хафтар ќе биде казнет за извршени злосторства, истакна Карол, претставник на адвокатска канцеларија со седиште во Вашингтон, додавајќи дека постапката е покрената во име на семејствата кои преживеале „ужасни тортури” во Либија.
Нагласувајќи дека Хафтар има американско државјанство и поседува огромен имот на тој простор, адвокатот истакна дека либискиот воен лидер и неговите блиски соработници ќе се пресметаат со судството на САД.
– Еден од клиентите е државјанин на САД со либиско потекло, кој за време на кризата во Либија се обидел да го заштити својот дом. Во бомбардирањето во текот на граѓанската војна бил тешко повреден и во таква состојба силите на Хафтар го уапсиле и малтретирале со денови, нагласи Карол.
Тој изјави дека тоа претставува кршење на Третата и Четвртата женевска конвенција и Хафтар како војник е одговорен за сите извршени злосторства.
Адвокатот додаде дека Хафтар не е државен функционер и нема имунитет, оценувајќи дека треба да дојде на судењето во Вирџинија и да се соочи со злосторствата за кои е обвинет.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
2мин
-
16мин
-
33мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5