САД на Јапонија и ги предаде таткото и синот кои му помогнаа на поранешниот претседател на „Нисан”, Карлос Госн да побегне во Либан

Американските државјани Мајкл и Питер Тејлор, татко и син, обвинети за помагање на поранешниот претседател на „Нисан Мотор”, Карлос Госн, да избега од Јапонија, денеска им беа предадени на јапонските власти, потврди нивниот адвокат за американските медиуми.

Врховниот суд на САД минатиот месец го отвори патот за екстрадицијата на ветеранот на специјалните сили на американската армија, Мајкл Тејлор, и неговиот син, Питер Тејлор, кои се обвинети дека му помогнале на Госн да избега од Јапонија, додека чекаше судење за финансиски малверазии во компанијата што ја предводеше, пренесуваат британските медиуми.

-Таткото и синот Тејлор, кои од апсењето во мај минатата година се наоѓаа во затвор во предградие на Бостон, рано утринава им беа предадени на јапонските власти, изјави нивниот адвокат Пол Кели.

Двајцата мажи од Масачусетс се обвинети дека му помогнале на Госн да избега од Јапонија на 29 декември 2019 година. Тој бил сокриен во кутија за со приватен авион да стигне до родниот Либан, земјата која нема договор за екстрадиција со Јапонија.

Обвинителите соопштија дека постариот Тејлор, 60-годишниот специјалист за приватно обезбедување, и помладиот Питер Тејлор (27) за своите услуги добиле 1,3 милиона долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот