Чарли Кирк - Извор Х

САД „ќе преземат мерки“ против странците кои го фалат убиството на Чарли Кирк

Заменик-државниот секретар на САД, Крис Ландау, денес изјави дека Стејт департментот „ќе преземе соодветни мерки“ против странците во Соединетите Американски Држави кои „ја фалат, рационализираат или омаловажуваат“ смртта на десничарскиот активист и инфлуенсер Чарли Кирк, пренесе „Гардијан“.

Ландау истакна дека овие мерки би можеле да вклучуваат и откажување на визите, пренесува CNN.

„Во светлината на вчерашниот ужасен атентат врз водечка политичка фигура, сакам да нагласам дека странците кои го величат насилството и омразата не се добредојдени посетители во нашата земја“, напиша Ландау во објава на својот официјален профил на платформата X.

Тој рече дека е „згрозен кога гледа некои на социјалните мрежи како го фалат, рационализираат или омаловажуваат настанот“.

„Им наложив на нашите конзуларни службеници да преземат соодветни мерки. Слободно кажете ми на ваквите странски коментари за да може (Стејт департментот) да го заштити американскиот народ“, рече Ландау.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот