СП- Колаж: Трамп, Путин и Зеленски

САД ќе бараат 500 милијарди долари во ресурси за да ја продолжат поддршката за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската поддршка за Украина ќе има цена – минерални ресурси во вредност од 500 милијарди долари.

Во вториот дел од интервјуто за Фокс њуз, емитувано во понеделникот вечерта, Трамп рече дека САД треба да добијат дел од огромните природни ресурси на Украина како компензација за стотиците милијарди долари потрошени за да му помогнат на Киев да се одбрани од руската инвазија.

„Им кажав (на Украинците) дека сакам ретки минерали во еквивалент на 500 милијарди долари. „И тие практично го прифатија, така што барем не се чувствуваме глупави“, рече Трамп.

„Инаку ние сме глупави. Им реков дека мора да добиеме нешто. Не можеме да продолжиме да ги плаќаме овие пари“, додаде тој.

Украина поседува огромни резерви на клучни минерали и елементи, како што се литиум и титаниум, кои се неопходни за производство на модерна технологија. Исто така, има големи резерви на јаглен, нафта, гас и ураниум, иако значителен дел од овие ресурси се наоѓаат на територии под руска контрола.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја користи идејата да им дозволи на американските компании да ги искористуваат украинските ресурси како средство за пазарење и издејствување за понатамошна финансиска поддршка од Трамп. Оваа понуда е исто така дел од украинскиот „план за победа“, кој подразбира економски и безбедносни мерки претставени на сојузниците минатата година.

Трамп- Зеленски Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

„Американците помогнаа најмногу, и затоа Американците треба да заработат најмногу“, рече Зеленски во интервју за Ројтерс. „Сакам да разговарам и со претседателот Трамп за тоа“.

Трамп, кој се обидува да ја надмине Кина во глобалната трка за ресурси, јавно изрази желба за искористување на рудното богатство на Украина.

Претходно овој месец, тој им рече на новинарите во Овалната соба: „Размислуваме за договор со Украина каде што тие ќе го обезбедат она што ќе им го дадеме преку нивните ретки минерали и други ресурси“.

Неговите изјави предизвикаа негативни реакции во Европа, а германскиот канцелар Олаф Шолц го критикуваше пристапот на Трамп кон надворешната политика, нарекувајќи го „многу егоистичен и себичен“, наведува Политико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот