epa08058847 U2 singer Bono (R), Zipline co-founder and CEO Keller Rinaudo (C) and Philippine Red Cross Chairman and CEO Senator Dick Gordon (L), attend a Philippine Red Cross and Zipline partnership signing ceremony in Manila, Philippines, 10 December 2019. Bono is in Manila for a U2 concert and meetings with humanitarian organizations. EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG
САД ќе почнат да доставуваат лекови со дронови
Слободен печат
Пред
Градот Бентонвил ќе започне пилот проект за снабдување со лекови и медински помагала со користење беспилотни летала. Станува збор за заеднички проект на компаниите „Волмарт” и „Зиплајн”, објави веб-страницата „The Verge”.
Претходно оваа година „Зиплајн” соопшти дека соработува со болница во Северна Каролина за бесконтактно снабдување со медицински материјали и опрема за лична заштита.
Првиот национален систем за испорака со беспилотни летала на „Зиплајн” започна во 2016 година, кога требаше да биде доставена крвна плазма на пациентите во оддалечените области на Руанда.
Специјалните беспилотни летала можат да доставуваат лекови за помалку од еден час по нарачката, а системот ќе работи во радиус од 80 километри од продавницата.
Според компанијата „Зиплајн”, овој проект ќе биде важен чекор кон употребата на беспилотни летала за трговците во САД.
Партнерството со „Волмарт”, со седиште во Бентонвил, е првиот чекор кон потенцијалните операции на национално ниво во САД. Пробниот период на овој систем ќе започне на почетокот на следната година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Управата за јавни приходи склучила договор за привремени вработувања со Агенцијата „Контакт бизнис“ во износ од 19 милиони денари со ДДВ, или 309.000 евра. Агенцијата треба да и даде работници кога ќе и потребаат, а за тоа ќе си наплати провизија од 8,1 процент од бруто-платата на секој изнајмен работник. Или, ако нето-платата на работникот …
Со почетокот на учебната 2025/2026 година, образованието во Македонија продолжува со чекори кон дигитализација. Од Министерството за образование и наука најавија нови реформи: дигитални алатки во наставата, како и формално образование за деца на долготрајно болничко лекување Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Рецепт за брускети со шопска салата 2 ВИДЕО | …