
САД ги депортираше во матичните земји, „варварите“ за кои тврдеше дека ни дома не ги сакаат
Администрацијата на Доналд Трамп вели дека некои сериозни криминалци треба да се депортираат во трети земји од Америка, зашто ни нивните матични држави не би ги примиле, ама проверката на неодамнешните случаи покажува дека барем 5 мажи на кои им се закануваше таква судбина, биле сепак испратени во нивните матични држави, објави „Ројтерс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Трамп цели да депортира милиони имигранти и неговата администрација се зарече дека отстранувањата ќе ги спроведе во трети земји, вклучително и да испрати осудени криминалци во Јужен Судан и Есватини, две супсахарски африкански нации. Имигрантите осудени за криминал вообичаено ги отслужуваат казните во САД пред да бидат депортирани. Ова беше случајот со 8 мажи депортирани во Јужен Судан и петмина во Есватини.
Одделот за национална безбедност во јуни објави дека депортацијата во трети земји им овозможува да депортираат повеќе луѓе, кои се „толкави варвари што ни нивните сопствени држави не сакаат да ги примат назад“.
„Ројтерс“ откри дека барем 5 мажи на кои им се закануваа депортации во Либија во мај, биле испратени во нивните матични држави. До сознанијата е дојдено преку разговори со членови на нивните семејства, адвокати и со двајца од мажите.
Откако судија во САД ја блокираше администрацијата на Трамп од намерата да ги испрати во Либија, двајца мажи од Виетнам, Двајца од Лаос и еден од Мексико сите се депортирани во нивните матични држави без да се извести за овие депортации, објави Ројтерс.