Американски бомбарден авион „Б2“ / Фото: Википедија

САД бомбардираa три нуклеарни постројки во Иран

Американските сили ги нападнаа трите главни нуклеарни постројки на Иран , изјави претседателот Доналд Трамп вчеравечер и го предупреди Техеран дека ќе се соочи со уште поразорни напади доколку не се согласи на мир, пренесува Ројтерс

„Нападите беа спектакуларен воен успех. Клучните ирански постројки за збогатување на нуклеарно ураниум се целосно и тотално уништени“, рече Трамп во телевизиско обраќање.

Во говорот што траеше нешто повеќе од три минути, Трамп рече дека иднината на Иран носи „или мир или трагедија“ и дека има многу други цели што би можеле да бидат погодени од американската војска.

„Ако мирот не дојде брзо, ќе ги нападнеме тие други цели со прецизност, брзина и вештина.“, изјави претседателот.

САД дипломатски контактираа со Иран во саботата за да кажат дека нападите се само американски план и дека немаат за цел промена на режимот, објави Си-Би-Ес њуз.

Трамп рече дека американските сили ги нападнале трите главни нуклеарни постројки на Иран: Натанц, Исфахан и Фордоу. Тој во емисијата на Шон Ханити на „Фокс њуз“ изјави дека шест бомби за уништување бункери биле фрлени врз Фордоу, додека 30 ракети „Томахавк“ биле испукани врз други нуклеарни постројки.

Американски бомбардери Б-2 беа вклучени во нападите, изјави за Ројтерс американски функционер, кој побара анонимност.

„Цел товар бомби беше фрлен на примарната локација, Фордоу“, објави Трамп на Truth Social. „Фордоу го нема.“

Ројтерс исто така во саботата објави за движењето на бомбардерите Б-2 , кои можат да бидат опремени за носење масивни бомби за кои експертите велат дека би биле потребни за да се нападне Фордоу, кој е закопан под планина јужно од Техеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот