Марк руте Нато EPA/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Руте ги повика САД да продолжат со испораката на одбранбена помош за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повика Соединетите Американски Држави да продолжат да и обезбедуваат одбранбена помош на Украина.

„Целосно разбирам дека САД секогаш мора да обезбедат заштита на сопствените интереси, но кога станува збор за Украина, на краток рок Украина не може да се справи без целата поддршка што може да ја добие, особено муниција и системи за воздушна одбрана“, рече Руте во интервју за „Фокс њуз“.

Тој истакна дека практичната поддршка од САД е сè уште потребна за да се обезбедат одбранбените капацитети на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот