Рускиот генерал Шестеров осуден на шест години затвор за проневера

Рускиот воен суд го осуди поранешниот заменик-началник на Главната дирекција за иновативен развој на Министерството за одбрана на Русија, генерал Владимир Сестеров, на шест години затвор за проневера на повеќе од 270.000 евра за време на градежните работи во паркот „Патриот“.

На Шестеров му беше одземен чинот генерал-мајор и му беше изречена парична казна од 5.500 евра, објави Интерфакс.

Пресудата не е конечна и се очекува жалба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот