Moscow, Russia - March 29, 2016: Russian military helicopter MI-8 near the pavilion "Space" at the Exhibition of Achievements of National Economy (VDNH),Image: 285104590, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Igor Travkin / Alamy / Alamy / Profimedia

Руски хеликоптер влегол во финскиот воздушен простор

Руски хеликоптер го нарушил финскиот воздушен простор. Инцидентот се случил во јужниот дел на земјата, соопшти Министерството за одбрана на Финска.

Инцидентот се случил вчера околу 10:40 часот во близина на населените места Парика и Кесалахти во близина на копнената граница со Руската Федерација во близина на Карелискиот теснец. Хеликоптер од типот „Ми-17″ прелетал четири до 4,5 километри внатре во финска територија.

Финската погранична полиција го истражува инцидентот.

Ова е втор ваков инцидент годинава. Претходниот се случи на 8 април во регионот Порво, но тогаш во финскиот воздушен простор влезе патнички авион на Руската Федерација.

Во Финска и Шведска се водат дебати за влез во НАТО, а одлуката за аплицирање може да се донесе веќе овој месец. Според извештаите на медиумите, Финска би можела одлуката за членство во Алијансата да го донесе веќе наредната седмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот