Избори во Русија / Фото EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Руската полиција регистрирала 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Десет обиди за терористички напади со употреба на дронови се регистрирани на гласачките места за време на локалните избори во Русија, изјави синоќа началникот на Главната управа за јавен ред при руското Министерство за внатрешни работи, Ленар Габдурахманов.

„И покрај обидите за извршување терористички акти на гласачките места со употреба на дронови, целите на гласачките места не беа постигнати. Работата на изборните комисии не беше суспендирана. Во два случаи, гласањето беше преместено во резервни изборни единици“, рече тој.

Тој изјави дека седум обиди за напади се регистрирани во регионот Белгород и три во регионот Брјанск, но дека никој не е повреден, пренесува РИА Новости.

Во 81 регион на Русија, локалните избори, кои започнаа во петок, завршија вчера, а околу 55 милиони гласачи имаа право да гласаат.

Директно беа избрани раководители на 20 региони, како и претседатели на регионални парламенти и раководители на локални самоуправи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот