Путин годишно обраќање EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Руската дума бара Конгресот на САД да ги истражи заговорите за атентат врз Путин

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, испрати апел до Конгресот на САД и ОН во врска со тврдењата на Такер Карлсон за заговор за атентат против претседателот Владимир Путин, се вели во соопштението на Долниот дом на рускиот парламент објавено на својот канал Телеграм, пренесе руската агенција ТАСС.

„Во четвртокот, на 30 јануари, претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин ја испрати до Конгресот на САД изјавата на Државната дума во врска со информацијата дека поранешниот американски претседател Џо Бајден и поранешниот државен секретар Антони Блинкен организирале обид за атентат врз рускиот претседател Владимир Путин. “, се вели во соопштението.

Претходно американскиот новинар Такер Карлсон во разговор со својот колега Мет Таиби рече дека администрацијата на Џо Бајден се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин. Според него, Антони Блинкен, кој беше државен секретар под Бајден, во последните два месеци од неговиот мандат „толку силно притискаше за вистинска војна“ меѓу САД и Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот