Instagram

Руска манекенка пронајдена со тешки повреди на улица (ФОТО)

Ксенија Пунтус била во врска со внукот на режисерот Никита Михалков

Руската манекенка Ксенија Пунтус (21) претрпела несреќа и се наоѓа во болница, а причината за тоа сè уште не е позната.

Според пишувањето на руските медиуми, домарот ја нашол манекенката доцна во ноќта на тротоарот пред зградата во која живее Андреј Баков, внукот на рускиот режисер Никита Михалков, а се претпоставува дека тие двајца биле во врска.

Instagram

Манекенката се освестила, но сè уште не е откриено што ѝ се случило.

„Ксенија е сега во стабилна состојба. Сè уште е во болница“, рекол нејзиниот портпарол.

Според првите извештаи, Ксенија имала повеќе скршеници, како и потрес на мозокот. Ортопедот и трауматолог Константин Тернов, според повредите, претпоставува дека манекенката паднала од трети или четврти кат.

Рускиот Рамблер пишува дека внукот на Никита Михалков ги избришал сите профили на социјалните мрежи, а неговата мајка Ана Михалков ги блокирала коментарите на Инстаграм.

Instagram

View this post on Instagram

@dguledani ❣️

A post shared by L’Homme Qui Rit /Ksusha Puntus (@k_ksusha) on

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот