
Русите имаат сѐ поголеми проблеми со воените дронови?
Британското воено разузнавање во најновиот извештај за војната во Украина наведува дека украинската армија во текот на викендот продолжила со противнапади во окупираниот регион Херсон.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На западниот брег на реката Дњепар вчера биле забележани руски воени дронови 27 пати, што е пад во однос на просечните 50 пати, колку дневно беа регистрирани во август.
Украинските сили на 21 август соопштија дека собориле три руски дронови Орлан-10.
Поради загубите на беспилотни летала во борбите, Русија најверојатно ќе има проблеми со одржувањето на резервите на воени беспилотни летала, што дополнително е отежнато од недостатокот на компоненти поради меѓународните санкции. Ограничената достапност на извидувачки дронови веројатно ја намалува тактичката предност на руските команданти и ги попречува руските воени операции, се посочува во извештајот.
Руската воена доктрина изминатите години се повеќе се потпира на употребата на беспилотни летала, посебно за лоцирање на мети и наведување на артилериските напади.
Британските воени разузнавачи истакнуваат дека дроновите се ранливи на директен оган, но и на електронско попречување
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
28мин
-
42мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5