Руски војници во Украина /Фото: EPA-EFE/STRINGER

Русија: Во Виница гаѓавме состанок на Украинци со странски добавувачи на оружје

Руското Министерство за одбрана тврди дека вчерашниот ракетен напад врз Виница бил насочен кон воена цел.

„На 14 јули, високопрецизни ракети од море ‘Калибр’ ја погодија зградата на офицерскиот дом на гарнизонот во градот Виница. Во моментот на нападот, во овој воен објект се одржуваше состанок на командата на украинските воздухопловни сили со претставници на странски добавувачи на оружје за пренесување на следната серија авиони и оружје на вооружените сили на Украина. Тие беа убиени“, објави Русија.

Најмалку 23 лица загинаа во нападот на градот Виница во централна Украина, информира началникот на украинската национална полиција Ихору Клименко.

Единаесет тела, меѓу кои и две деца, сè уште се неидентификувани. Ихор Зовква, заменик-шеф на кабинетот на претседателот на Украина, изјави дека повеќе од 70 лица сè уште се во болница, 18 лица се водат како исчезнати, а во тек е спасувачка операција.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот