
Русија покрена истрага за силувањa во затвор
Невладината организација Гулагу.нет објави на социјалната мрежа Телеграм страшна видео снимка од силување во траење речиси три минути.
Препорачано
Снимката е направена на 18 април 2020 година во болничкото одделение за затвореници кои страдаат од туберкулоза во Саратов, во централниот дел на Русија.
Гулагу.нет тврди дека примил повеќе од 1.000 снимки од тортура во затвор. Затворениците се малтретирани со цел од нив да се извлечат признанија или да соработуваат со чуварите.
– Снимките ги испрати поранешен белоруски затвореник кој престојувал во Саратов, изјави директорот на Гулагу.нет, Владимир Осечкин, кој живее во егзил во Франција.
Руската затворска служба денеска соопшти дека испратила инспектори во Саратов за да ја потврдат автентичноста на снимката.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека ќе биде потребна „сериозна постапка” доколку се потврди „автентичноста” на снимките.
Извор: МИАА
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5