
Русија нема да застане на Украина, ќе тргне и на Западен Балкан, предупредува Сана Марин
Поранешната финска премиерка Сана Марин предупреди дека Русија под режимот на Владимир Путин „нема да застане на Украина“ доколку ѝ се дозволи да продолжи со агресијата врз оваа суверена земја, пренесе босански „Дневни аваз“.
Препорачано
Говорејќи на настанот „Бренд фајненс“ во Лондон, Марин предупреди дека светот изгледа како многу опасно место, особено во контекст на неодамнешните настани.
„Ако не го запреме Путин во Украина, ако не ѝ помогнеме на Украина, ќе видиме поширока и поголема агресија од Путин и Русија. Мислам дека Русија не би застанала на Украина. Мислам дека тие потоа би тргнале на Молдавија, а можеби и на Западен Балкан, а потоа дури и во земјите на НАТО“, рече Марин.
Таа ги коментираше и последните постапки на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Сега гледаме свет во кој не само Путин и Русија, туку, за жал, нашите поранешни доверливи сојузници во САД го креваат својот глас. Доналд Трамп кажува работи кои се без преседан кога се во прашање лидерите на слободниот свет. Од перспектива на помала нација, оваа иднина во која само силата и моќта, бруталната, цврста моќ, ја диктираат нашата иднина е застрашувачка“, рече Марин.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5