руски трупи казахстан EPA

Русија и силите на ОДКБ почнаа да се повлекуваат од Казахстан

Припадниците на воените сили предводени од Русија утринава почнаа со повлекување од Казахстан, каде што беа распоредени како поддршка на владеачката гарнитура која се соочува со протести и немири, соопшти руското Министерство за одбрана.

руски трупи казахстан EPA

 

„Единиците на мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) ги исполнија поставените задачи и почнаа да подготвуваат воена и техничка опрема да ја сместат во авионите на руското воено воздухопловство со цел да се вратат во постојаната база“, се вели во соопштението.

руски трупи казахстан EPA

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев синоќа изјави дека војниците на ОКДК денеска ќе започнат со повлекување.

 

Контингентот на ОДКС пристигна во Казахстан на 6 јануари, откако раководството на таа земја побара воена помош од тој блок.

руски трупи казахстан EPA

Протестите предизвикани од поскапувањето на горивото прераснаа во немири за време на кои безбедносните сили и демонстрантите се судрија на улиците низ Казахстан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот