Фејсбук
Социјалната мрежа Фејсбук / Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Русија го предупреди Фејсбук поради нелегалните содржини

Руските власти денеска го предупредија Фејсбук дека можат да го казнат со до 10 проценти од годишниот промет остварен во таа земја, доколку не ја избрише содржината што Москва ја смета за нелегална.  

Државниот регулатор за комуникации, Роскомнадзор, за Ројтерс изјави дека планира да испрати официјално известување до претставниците на Фејсбук во Русија, во кое се наведува дека неколку пати не успеала да ги отстрани забранетите информации.  

Според Роскомнадзор, тоа може да резултира со парични казни во висина од пет до 10 проценти од остварениот промет во Русија. 

Фејсбук, меѓу другото, може да биде казнет и за тоа што не ги отстранил објавите со детска порнографија, злоупотреба на дрога и екстремистичка содржина. Експертите проценуваат дека Фејсбук има годишен обрт од околу 165 милиони долари во Русија.  

Оваа година, Роскомнадзор отвори 17 постапки против Фејсбук, бидејќи не ја отстраниле забранетата содржина, според судските документи. Вкупните казни што може да ги добие и кои ги должи изнесуваат 64 милиони рубли. Според Роскомнадзор, менаџментот на Фејсбук не ги платил казните. 

Москва се закани дека ќе го блокира Јутјуб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот