Гори замокот „Хари Потер“ во Одеса/Фото: Скриншот/YouTube

Русија го нападна регионот Одеса со дронови, погодени магацини и автомобили

Во текот на ноќта, руските сили го нападнаа регионот Одеса во Украина со беспилотни летала, а магацини и возила изгореа во пожарот што избувна, објави на Телеграм Олех Кипер, началникот на воената администрација на Одеса.

Според него, непријателот го нападнал регионот Одеса со ударни беспилотни летала, и покрај активната работа на украинските сили за воздушна одбрана, магацини и возила биле оштетени, пренесува Укринформ.

Пожарите што избувнале биле брзо изгаснати од единиците на Државната служба за вонредни ситуации на Украина, а според прелиминарните информации, немало жртви во нападот, се вели во соопштението на украинските власти, пренесува Танјуг.

Во текот на ноќта, Одеса била нападната и со беспилотни летала, а во градот се слушнале експлозии, според Укринформ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!