КАРТА БАЛТИК ФОТО МИА

Русија ги презема сите потребни мерки за да ја обезбеди својата безбедност

Во контекст на акциите на НАТО во Балтичкото Море, Русија ги презема сите потребни мерки за да ја обезбеди својата безбедност, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Александар Грушко.

„Би сакал уште еднаш да нагласам дека овој регион е претворен во зона на акутно воено соперништво, а тоа е многу опасна работа. Добро е познато дека ги преземаме сите потребни мерки за да ја обезбедиме нашата безбедност и одбрана“, рече тој во емисијата на телевизијата „Россија-24“, пренесува ТАСС.

 

Според него, се реорганизирале два воени окрузи, потпишан е и стапил во сила договор за безбедносни гаранции за Русија и Белорусија, кој предвидува распоредување на нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, а се зајакнуваат и капацитетите на воената флота и рускиот крајбрежен одбранбен систем.

„Значи, ќе бидеме целосно вооружени и нема да дозволиме НАТО да проектира сила од балтичкото подрачје, од северна насока“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот