Сергеј Лавров / Фото EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / AP POOL

Русија ги предупредува САД, Јапонија и Јужна Кореја во обидите за формирање сојуз против Северна Кореја

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска испрати предупредување до Соединетите Американски Држави, Јапонија и Јужна Кореја во врска со нивните обиди за формирање стратешки сојуз насочен против Северна Кореја – една од клучните сојузници на Русија во конфликтот со Украина, пренесува АП Њуз.

„Предупредуваме да не се злоупотребуваат вакви врски за создавање сојузи насочени против кого било, вклучително и против Северна Кореја и, секако, против Русија,“ изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, според државната новинска агенција ТАСС.

Изјавите на Лавров дојдоа за време на неговата посета на Северна Кореја, каде се сретна со неговата колешка, Чое Сон Хуи.

Во последниот период, врските меѓу Русија и Северна Кореја се зајакнуваат – особено откако Северна Кореја почна да испраќа војници и муниција за руските операции во Украина, како дел од безбедносната спогодба склучена во јуни 2024 година.

Сега, Москва и Пјонгјанг на заеднички начин се обидуваат да спречат потенцијално странско влијание во Источна Азија, пишува АП Њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот