Родителите и децата на протест пред СУГС „Панче Караѓозов“, наместо испит бараат дополнителна паралелка

Неколку стотини ученици и родители утрово протестираа пред средното медицинско училиште СУГС „Панче Караѓозов“ во Скопје, каде денеска во 10 часот беа закажани квалификациски испити за прием во средно, пренесува радиомоф.мк

Во три средни училишта со здравстевна струка денеска од 10 часот требаше да биде организирано квалификациско тестирање за ученици-полуматуранти кои конкурирале за насока медицинска сестра. Тестирањето ќе биде по предметите билогија и хемија, а од резултатите ќе зависи кои ученици ќе бидат примени во прва година во 2020/2021 зашто има повеќе кандидати со максимални (75) бодови отколку што се предвидени слободни места во Конкурсот на МОН.

Биологија и хемија во средното медицинско училиште СУГС „Панче Караѓозов“ треба да полагаат 166 учениците кои се пријавиле за настава на албански јазик на смерот медицинска сестра, сите со просек 5.00. Место, според конкурсот, има за 102 ученика во три паралелки.

СУГС „Панче Караѓозов“, фото – Радио Моф

Како што велат за Радио МОФ, наместо испит, со протестот бараат отворање на уште една, дополнителна паралелка за отсекот медицински сестри, каде ќе можат да бидат примени сите ученици, по примерот на скопската гимназија „Орце Николов“, каде проблемот со вишокот пријавени уленици со скрос одличен успех, се реши така што беше договорено отворање на нова паралелка без квалификационото тестирање.

Дел од родителите влегоа во училиштето за да разговараат со одговорните.

Фото: Радио Моф

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот