
Резервите на јаглен во Русија ќе траат речиси уште илјада години, тврди Москва
Резервите на јаглен во Русија се доволни за речиси илјада години однапред, изјави денес претседателот на земјата, Владимир Путин, за време на презентацијата на Источниот економски форум во Владивосток.
Препорачано
Тој, сепак, ја нагласи потребата од поефикасно користење на тој ресурс во енергијата на рускиот Далечен Исток, особено во услови на можен дефицит на гас, пренесува ТАСС.
„Постои значителен потенцијал за поефикасно користење на јаглен од различни квалитети, со поголема енергетска добивка и во согласност со сите еколошки стандарди“, рече Путин, додавајќи дека подоцна во текот на денот ќе одржи состанок за развој на енергијата на Далечниот Исток.

EPA-EFE/YURI KOCHETKOV
Според него, енергетската состојба е генерално стабилна, но постојат голем број прашања на кои им е потребно посебно внимание, како што е недостатокот на поврзаност помеѓу компонентите на енергетската инфраструктура.
Источниот економски форум се одржува оваа година од 3 до 6 септември во Владивосток.
На веб-страницата на организаторот е наведено дека станува збор за клучна меѓународна платформа за создавање и зајакнување на врските меѓу руската и светската заедница, каде што е претставен економскиот потенцијал на рускиот Далечен Исток, како и условите за бизнис во овој регион и можностите за инвестирање.