д-р Аспазија Софијанова - поранешна директорка на Детската клиника

Ревизија на Детска клиника: Тоа што поранешната директорка Софијанова ги вратила парите од дежурствата не ја ослободува од одговорноста пред законот

Клиника за детски болести во врска со објавените информации за работењето на екс-директорите, медицинскиот директор проф. Аспазија Софијанова и в.д. организациониот директор Мемеди Аљадин, денес соопшти дека во тек е вонредна ревизија на досегашното работењето во различни домени, меѓу кои и исплата на плати и надоместоци на плата, дежурства и надоместоци за прекувремена работа.

По завршување на предметните ревизии и соодветните постапки Универзитетската клиника за детски болести во целост ќе ги побара неосновано исплатените средства утврдени од страна на надлежните институции.

Клиниката во соопштението вели дека доброволното враќање на неосновано стекнатите надоместоци на име дежурства од страна на екс-директорката на клиниката проф. Аспазија Софијанова не ја ослободува истата од одговорноста пред законот и надлежните институции.

Пред да даде отказ, поранешната директорка на Детската клиника, д-р Аспазија Софијанова, ѝ ги вратила на Клиниката сите исплатени средства, информираше министерот за здравство Беким Сали.

Поради необезбедената согласност за организација на работа во дежурства за 2021 и 2022 година од страна на претходното раководство, сегашниот менаџмент не беше во можност да изврши исплата за месец 10-ти 2022 година на вработените. Исплата на дежурства за вработените за 10-ти месец ќе се изврши веднаш по добивање на потребната согласност.
Исто така сакаме да посочиме дека платите на вработените не се намалени, се вели во соопштението на клиниката потпишано од в.д. директорката проф. Д-р Стојка Нацева Фуштиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот