„Реплек“ отвора преставништво во Србија и во Босна и Херцеговина

Компанијата извезува во 25 земји, а за наредната година најавува раст на приходите за 25 проценти

По остварените позитивни резултати на домашниот и на странските пазари, „Реплек АД“ и во следната година најавува раст во сите сегменти од своето работење. Во 2025 година според бизнис планот компанијата планира раст на приходите од продажба за 25% во однос на остварените резултати годинава и тоа и на домашниот и на странскиот пазар. Таргетот за раст на приходите од продажба на странските пазари изнесува 26% или од сегашните 23,1, милиони евра на 29,2 милиони евра, а приходите од домашниот пазар се очекува да пораснат за 21% или 8,1 милион евра на 9,8 милиони евра.

-Со гордост можам да најавам дека 2025 година ќе биде година на нов раст и успеси на нашата компанија. Досега постигнатите резултати се одлична потврда за нашиот амбициозен план, кој дополнително е поткрепен со инвестиции во иновации, дигитализација и диверзификација на нашето портфолио во насока на пресретнување на потребите на пазарите. Покрај тоа, ќе инвестираме во развој на и проширување на нови терапии базирани на напредни формули, како и зајакнување на нашите позиции на пазарите. Нашиот потенцијал е веќе препознаен од нашите партнери, од инвеститорите, од акционерите и, секако, од нашите вработени кои се најголемата вредност на Реплек. Продолжуваме посветено да работиме на реализација на нашите цели – изјави Душан Пецовски, главен и извршен директор на „Реплек АД“.

Позитивните резултати остварени на пазарите, како и континуираните инвестиции ги вброија акциите на „Реплек АД“ во берзанскиот индекс на Македонската берза МБИ 10, што е јасен сигнал за инвеститорите, но и потврда за стабилниот раст и потенцијал на компанијата.

Во првиот квартал на 2025 година ќе започне со работа претставништвото на компанијата во Белград, а во втората половина на годината и претставништвото во Босна и Херцеговина. „Реплек“ извезува во 25 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот