Пребројување на гласовите на германските парламентарни избори дадени преку пошта / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Рекорден одѕив на изборите во Германија – гласале најмногу луѓе од обединувањето во 1990 година

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори во Германија, кои се одржуваат денеска, достигна 83 отсто, што е највисока излезност од обединувањето на земјата во 1990 година, објави јавниот радиодифузер ЗДФ.

За споредба, на претходните парламентарни национални избори во 2021 година, одѕивот изнесуваше 76,4 проценти.

Според објавените излезни анкети од изборите во Германија кои се одржуваат денеска, партиите на Унијата ЦДУ/ЦСУ освоиле 29 отсто од гласовите, а зад нив е ултрадесничарската АфД со 19,5 отсто од гласовите. СПД е на трето место со 16 отсто, а Зелените на четврто со 13,5 отсто.

Интересно, идентичен процент од испитаниците (83 отсто) деновиве одговориле во анкета дека се загрижени за состојбата во државата. Како главни причини за загриженост Германците ги навеле имиграцијата, економијата, војните и растечката поддршка за ултрадесничарската партија АфД.

Излезни анкети за изборите во Германија: ЦДУ/ЦСУ во предност, ги следи АфД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!