ТЕЦ Осломеј
ТЕЦ Осломеј / Фото: МИА

РЕК Осломеј е во функција и утрово е вратен на мрежа

РЕК Осломеј од утрово е повторно на мрежа. Термоелектраната е во функција и произведува електрична енергија, информираат од АД ЕСМ.

Во моментов, сите функционални капацитети на АД ЕСМ се во погон и испорачуваат електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.

Стручни лица од производителот од Турција се во РЕК Битола и заедно со вработени во комбинатот интензивно работат на монтажа на трансформаторот на Блок 3, известуваат од АД ЕСМ.

Од компанијата потенцираат дека произведената електрична енергија во АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!