chuma_okeke/x

Реал Мадрид донесе НБА засилување – Чума Океке потпиша!

По нешто послабата сезона во Евролигата, Реал Мадрид сериозно се засилува за нови предизвици. Новото име во редовите на „кралскиот клуб“ е Чума Океке, 27-годишен Американец со африканско потекло, кој пристигнува од НБА лигата.

Океке се договорил со Реал и наскоро ќе потпише двегодишен договор, со опција да замине по првата сезона доколку пристигне соодветна понуда од НБА.

Крилниот центар беше избран од Орландо Меџик како 16. пик на драфтот во 2019 година, и играше четири сезони во НБА – за Орландо, Филаделфија и Кливленд.

По доаѓањето на новиот тренер Серџо Скариоло, Реал веќе ги ангажираше Тео Маледон, Габриеле Проќида и Давид Крамер, а со Чума Океке продолжува сериозната реконструкција на тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот