РЦУК Скопје: Утре претпладне без вода ќе бидат неколку улици во Општина Центар

Утре од 8:30 часот без вода ќе останат корисниците на потегот од бул. „Свети Климент Охридски” до улицата „Аминта Трети” во Општина Центар. Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради уличен дефект од Ф-150 мм. на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” бр.30 во населба Центар.

Корисниците ќе бидат без вода до завршување на интервенцијата.

Од 9:30 часот до 13 часот без вода ќе останат и дел од корисниците од улицата „Антон Панов” во Општина Центар. Прекинот е поради изведување на приклучок од Ф-80 мм. на улицата „Антон Панов” бр.3 во населбата Водно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот