Фото: EPA/SERGEI SUPINSKY

Развожаев: Петмина повредени во напад на седиштето на руската флота во Црното Море

Напад со беспилотно летало денеска е извршен врз Генералштабот на руската флота во Црното Море во Севастопол, при што пет лица се ранети, изјави гувернерот на анектираниот полуостров Крим, Михаил Развожаев.

„Утринава украинските националисти решија да го уништат Денот на руската морнарица”, кој денеска се слави во Русија, напиша Развожаев на Телеграм.

Тој рече дека дронот стигнал до дворот на Генералштабот на флотата и дека меѓу вработените во Генералштабот има петмина ранети. Според него, нема загинати.

„Сите прослави поврзани со Денот на руската морнарица се откажани од безбедносни причини”, додаде Развожаев и побара од жителите на Севастопол да не ги напуштаат своите домови „ако е можно”.

За празникот се планирани големи прослави ширум Русија, со парада во Санкт Петербург која ќе ја надгледува претседателот Владимир Путин.

Ова е првпат руските власти да пријават ваков напад од почетокот на нивната офанзива против Украина на 24 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот