Северна Кореја, Ким Џон Ун

Разузнавачки извештаи: Речиси 2.000 севернокорејски војници загинале во Украина

Речиси 2.000 севернокорејски војници кои ѝ помагаат на Русија во војната против Украина се убиени, објави денес јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС). Ова претставува драстично зголемување на бројот на жртви во споредба со претходните проценки.

НИС во април процени дека загинале најмалку 600 севернокорејски војници.

„Сепак, врз основа на ажурирани податоци, бројката сега се движи околу 2.000“, изјави пратеникот Ли Сеонг-квен по брифингот со новинарите, пренесе France 24.

Според јужнокорејските и западните разузнавачки агенции, Пјонгјанг испратил над 10.000 војници во Русија во текот на 2024 година, најмногу во Курскиот регион, заедно со артилериски гранати, ракети и системи со долг дострел.

Нов контингент од 6.000 војници

Пратеникот Ли откри дека Северна Кореја планира да испрати уште 6.000 војници и инженери. Од нив, околу 1.000 веќе пристигнале во Русија. Порано оваа година, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, потврди дека ќе бидат распоредени и градежни работници и деминери.

„Неподносливата болка“ на Ким Џонг Ун

Северна Кореја официјално призна во април дека нејзини војници се борат на страната на Русија и дека има загинати. Лидерот Ким Џонг Ун во повеќе наврати се појави со семејствата на убиените, прегрнувајќи ги и изразувајќи сочувство за нивната „неподнослива болка“.

Државните медиуми емитуваа снимки од емотивни сцени во кои Ким лично ги теши ожалостените семејства и војници што се враќаат од фронтот.

Минатата година, Москва и Пјонгјанг потпишаа воен договор со клаузула за заемна одбрана, за време на ретката посета на Владимир Путин во Северна Кореја. Соработката меѓу двете земји сега добива нова тежина, особено во услови на зголемени жртви и постојано испраќање свежи сили кон фронтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!