
Растот на цената на емисиите на јаглерод диоксид предизвика политичка тензија во ЕУ
Цената на испуштањето тон јаглерод диоксид во референтниот договор ЕУ Алованс (EУA) достигна денеска највисоко ниво од формирањето на пазарот на дозволи во Унијата, од 100,70 евра. Потоа падна на 100,21 евра.
Препорачано
Колку повеќе компаниите треба да платат за емитирање на еден тон ЦO2, толку повеќе инвестираат во технологии со ниска содржина на јаглерод Системот за тргување со дозволи на ЕУ (ETС) ги принудува индустриските и електроенергетските компании и авиокомпаниите да плаќаат за секој тон испуштен јаглерод диоксид за да се намалат емисиите и да се исполнат целите за заштита на климата.
Колку повеќе компаниите треба да платат за емисија на еден тон CO2, толку повеќе се мотивирани да инвестираат во технологии со ниска содржина на јаглерод и да се префрлат на помалку еколошки штетни горива. На крајот на минатата година, земјите од ЕУ и Европскиот парламент усвоија предлог за промени на пазарот на јаглерод во ЕУ, со што се зголеми и цената на дозволите, пренесува Хина.
Дополнителен поттик е приближувањето до априлскиот рок за аплицирање за минатогодишните дозволи за емисија. Во изминатите неколку дена побарувачката беше поттикната од прогнозите за студено време и послаб ветер, објаснуваат трговците, посочувајќи и на зголемен шпекулативен откуп. Растот на цената на емисиите на јаглерод диоксид предизвика политичка тензија во ЕУ.
Во 2022 година, дозволите поскапеа поради зголемената побарувачка од енергетскиот сектор, кој, по намаленото снабдување со руски гас, произведе седум отсто повеќе електрична енергија во термоелектраните на јаглен, фосилното гориво со најголеми емисии на ЦO2. Многумина стравуваат дека Европа нема да ги исполни своите климатски цели поради враќањето на јагленот, но европските власти велат дека јагленот е само привремено решение, тврдејќи дека високата цена на фосилните горива, јагленот и гасот на крајот ќе ја забрза транзицијата кон обновлива енергија.