Фото Архива

Растат цените на билетите за траектите во Грција

Дел од бродските компании во Грција веќе ги зголемиле цените на билетите на траектите, дел зголемувањето ќе го воведат од следниот месец, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, цените ќе бидат повисоки за 10 до 12 отсто.

Според АНА-МПА, „за да се справат со оперативни трошоци на бродовите по зголемувањето на меѓународните цени на нафтата поради војната во Украина”, од 18 март некои од компаниите веќе ги зголемиле цените, а другите тоа ќе го сторат од 1 април.

Па така, цените на траектите, како што пренесува грчката новинска агенција, од атинските пристаништа кон дел од островите, се зголемени за 3,5 до 4,5 евра.

Билетот од Пиреас до Парос, од 38,5 евра сега чини 42,5, до Миконос од 40 е зголемен на 44 евра, до Сирос од 35 на 38,5 евра, а зголемувања од околу десет отсто има и за возилата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!