Фото: Промо

Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2025“

Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ распишува конкурс за нови композиции, што ќе бидат изведени на 32. издание на фестивалот што ќе се случува на 29 и 30 август.

Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2025“ се:

– Да се прецизира – за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк или Интернационална);
– Да се испрати демо-снимка (со пратечки инструменти, пијано и гитара) и текст на македонски јазик;
– Наслов на композицијата;
– Песната да не е изведувана;
– Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт

На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите а конкурсот е отворен до 1 јуни годинава.

Песните се испраќаат на мејл: [email protected]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот