Рангеловиќ за СП: Техничката влада може да усвои патоказ за решавање на спорот и да го крене ветото

Разговорите помеѓу Скопје и Софија за деблокирање на евроинтеграциските процеси се во фокусот на јавноста, но според аналитичарите, многу работи зависат од Брисел. Политикологот Иво Рангеловиќ вели дека ЕУ треба да ги заштити интегративните процеси генерално, но и процесите на Македонија.

– Брисел е третата страна на проблемот со тоа што нема цврста и јасна преговарачка рамка, имуна на небулозни барања од земјите-членки. Се разбира дека постојат шанси да се дојде до компромис со техничката влада во Бугарија, но тоа во никој случај нема да биде решение туку рамка или патоказ преку кој ќе се решава спорот, а ќе се крене ветото. Во зависност од новата политичка констелација по изборите во Бугарија може да се очекува решение, но се плашам дека времето само го продлабочува проблемот, односно не треба да чекаме на нова влада. Ако Бугарија го потврди ветото, тоа нема да ја разниша владата во Македонија бидејќи супстратот на овој проблем е апсурден, но од друга страна, ќе зајакне евроскептицизмот, а со тоа и вакумот на овие простори – вели Рангеловиќ за „Слободен печат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот