Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Работник е повреден додека работел во фирма во Визбегово

57-годишен скопјанец е повреден додека работел во приватна фирма во Визбегово. Случајот бил пријавен од приватна болница во Скопје, а на местото излегле полиција и трудов инспектор, соопшти МВР.

„На 11.08.2025 околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен И.М.(57) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во с.Визбегово, скопско. Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот